Зошто да одберам куглање како спорт?
Бидејќи е еден од поубавите спортови кои градот Битола го нуди во својата спортска понуда. Спорт за луѓе кои ја ценат индивидуалоста во спортот, кои сакаат да ги надминат своите можности. Спорт кој не бара исклулитечна телесна подготвеост и напорни физички припреми, но спорт кој бара смиреност, прецизност, посветеност и константност. Куглањето е спорт со многу малку спортски повреди и токму поради тоа овозможува да куглаат и постари лица. Имаме најсовремен спортски објект, одлични услови и искусни тренери кои се оспособени за работа со сите возрасни категории и различни кугларски вештини. Клубот е наменет за девојки, но во школата за почетници можат да куглаат и машки, почетно ниво. Различни нивоа на спортски програм (рекреативен, натпреварувачки, репрезентативен)
ИВАНА ТРАЈЧЕВСКА - 651,
АПСОЛУТЕН МАКЕДОНСКИ ЖЕНСКИ РЕКОРД,
МАКЕДОНСКИ РЕКОРД U-23,
НАЈДОБАР ЖЕНСКИ РЕЗУЛТАТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БРЕЗНО СЛОВАЧКА, 22.05.2024
Сакаш да куглаш за прв пат?
Немој да се двоумиш, исконтактирај не и договори термин. Пробај, можеби ќе ти се допадни повеќе отколку што си очекувал. Потребно ти е со себе да понесиш чисти патики (по можност со варена гума за внатрешни спортови) и спортска комотна облека. Без тој услов нема куглање 🙂
ЕКИПНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКА КУГЛАРСКА ЛИГА (жени - сениорска категорија)
Нашите девојки ги постигнаа следните резултати
2023/24 к.к. Пкелистер Пин
2022/23 к.к. Пкелистер Пин
2021/22 к.к. Пкелистер Пин
2020/21 к.к. Пкелистер Пин
2019/20 к.к. Пкелистер Т&С Х.
МЕЃУНАРОДНИ НАСТАПИ НА НАШИ ЧЛЕНОВИ ОД КЛУБОТ
Во оваа група активности спаѓаат официјални првенства кои ги организира WNBA NBC, меѓународни турнири и меѓународни пријателски натпревари
ДРЖАВНИ ПОЕДИНЕЧНИ ПРВАЦИ (сениорска категорија)
Нашите девојки ги постигнаа следните резултати
ДРЖАВНИ ПОЕДИНЕЧНИ ПРВАЦИ (U - 23 категорија)
Нашите девојки ги постигнаа следните резултати
Нашиот клуб има бројни активности, како на локално, така на национално и меѓународно ниво. Токму поради тоа, секогаш се потребни повеќе средства од она што реално го имаме како буџет за што поуспешна реализација на нашите програми, цели и амбиции. Доколку сте во можност помогнете. Секоја помош е добредојдена.
Женски кугларски клуб „Пелистер Пин“ – Битола
жиро сметка – 300060000150480
депонент: Комерцијална банка АД
ДРЖАВНИ ПОЕДИНЕЧНИ ПРВАЦИ (U - 18 категорија)
Нашите девојки ги постигнаа следните резултати
2023 Емилија Илијевска
2021 Андреа Вељаноска
2023 Марија Трпезановска
2021 Емилија Переска
2023 Ева Јанкуловска
2021 Ивана Трајчевска